Битолска одмазда среде Скопје: Хет-трик на Пелистер, пехарот останува со зелен сјај (ФОТО)

591

Пелистер остана на тронот во македонскиот ракомет. Вечерва во неизвесен меч успеа да дојде до третата титула во низа, вкупно деветта во својата историја. Битолчани ја спасија сезоната, и му се реваншираа на Вардар за Купот на Македонија на најдобар можен начин, среде Скопје ја одбранија титулата.

Вечерва Битола нема да спие, ќе ги чека своите херои. Славјето почна во СЦ „Јане Сандански“, капитенот Филип Кузмановски прв истрча кај навивачите го зеде мегафонот и направи вистински бум на трибините.

ПретходноКузмановски: Македонија денеска е зелено-бела, три дена ќе славиме титула!
СледноПСЖ без Дембеле во првата фаза на Светското клупско првенство