Од сезона во сезона, ракометниот шампионат станува се поинтересен. А за тоа говори и фактот дека дури вечерва ќе го дознаеме името на шампионот, титулата ќе се решава во СЦ „Јане Сандански“.
Вардар 1961 и Пелистер нецела една недела после Купот на Македонија ќе ги вкрстат „копјата“, овој пат за врвот во македонскиот ракомет, дуелот е закажан со почеток во 19:30 часот, билетите се распродадени.
„Црвено-црните“ имаат полесен пат до титулата, и со реми можат да го вратат пехарот после две години. На последната средба во Битола славеше со 34-35, во последната секунда Хориха испрати проектил во мрежата на противникот.
На другата страна, на Пелистер му одговара само победа, секое друго сценарио ќе биде погубно за битолчани, кои две години по ред се на тронот.
Самодовербата е на страната на „црвено-црните“, истата доаѓа по одличната игра во финалето на Купот на Македонија.
Дали Вардар 1961 ќе успее пред своите навивачи да ја врати титулата или пак Пелистер да се издигне после големиот удар во Охрид, останува да дознаеме вечерва.