За Драган Начевски, име кое ќе биде испишано во историјата на македонскиот ракомет дуелот меѓу Вардар и Пелистер е последен во неговата кариера. Судиско-делегатска легенда поради старосната граница поставена од ЕХФ и РФМ нема да може во иднина да биде делегат, па затоа ова е последен ракомет меч за него.
Првиот човек на РФМ, Александар Стефанов му додели благодарница за сето она што го има придонесено за македонскиот ракомет, а тоа не е воопшто малку.
Вардар 1961 и Пелистер во овој момент го играат последниот меч сезонава, домаќинот и со реми ќе освои титула, додека Пелистер мора да победи.