Охрид со победа над Тиквеш го потврди четвртото место

184
фото: ГРК Охрид (Facebook)

Во последното коло од плеј-офот во домашното ракометно првенство, вечерва екипата на ГРК Охрид во салата „Билјанини извори“ убедливо го совлада Тиквеш 32:23 (18:11) и го потврди четвртото место на табелата кое води во Европа.

Кај екипата на Охрид одличен меч одигра Цирар кој постигна 6 гола, додека Ојлески имаше 5 погодоци.

ПретходноСо инциденти, но без голови во Тирана – победи за Холандија и Австрија
СледноПикси до новинарите: Најдете си нов селектор!