Пеп за Јамал: Жалам, ама никој не е како Меси! (ФОТО)

411

Јасно е дека сеуште е рано Ламине Јамал да се споредува со еден Лео Меси, со најдобриот на сите времиња. Иако тинејџерот, кој на 13 јули ќе наполни 18 години просто го “збудале“ фудбалскиот свет, е легитимен наследник на Лео, сепак треба уште време.

Со ова се сложува и славниот Пеп Гвардиола, кој сепак смета дека никој не може да биде како Лео Меси. Веројатно тој најдобро го знае тоа ако се потсетиме дека тој и Лео, како тренер и играч, заедно од 2008 до 2012 освоија се што можеше да се освои.

Еве што кажа Пеп за Јамал:

Жалам, но за мене никој нема да биде како Лео Меси. Невозможно е фудбалскиот свет да има уште еден Меси. Да, Јамал е неверојатен играч и на овие години. Тој е играч со многу голем талент, сепак мислам дека никој не може да биде како Лео“.

ФОТО: ФЦ Барселона/ФБ

ПретходноПолувреме: Вардар 1961 води со два гола против Пелистер
СледноДраган Начевски заминува во пензија со големото дерби!