Покрај дуелот меѓу Вардар 1961 и Пелистер, во последното коло вечерва ќе има уште една интересна пресметка. Во СЦ „Билјанини Извори“, ГРК Охрид го пречекува ГРК Тиквеш во меч за излез во Европа.
И двата тима имаат по пет бода, па победникот ќе успее да се избори за излез во европски рамки. Домаќинот на оваа средба ги одмори играчите токму за дуелот со Тиквеш, вчера во Автокоманда дојде младинскиот состав.
Охриѓани за следната сезона подготуваат шампионски ростер, па со евентулен пласман на четвртото место во плеј-офот, ќе има што да понуди во ЕХФ Европскиот Куп.
„Се подготвуваме и ќе дадеме се од себе да победиме и да обезбедиме пласман во Европа и оваа година како што беше и претходната. Ги повикувам охриѓани во што поголем број да дојдат и да не поддржат“, изјави пикерот на ГРК Охрид, Владимир Бојаниќ.
Мечот е закажан со почеток во 20 часот.