Интер се пофали со Луис Енрике!

241

Бразилскиот напаѓач Луис Енрике е првото летно засилување во таборот на Интер. Која иронија. Бразилецот е со исто име и презиме како Шпанецот на клупата на ПСЖ, тим кој што го победи тимот од Милано со 5:0 во финалето во Лигата на Шампионите.

Инаку Енрике доаѓа од Марсеј, овој трансфер се подготвуваше неколку недела а сега е познато дека Интер се одлучил да плати 25 милиони евра отштета.

Ова е првиот трансфер во ерата на Кристијан Киву, новиот стратег на Интер, некогашен соиграч на нашиот Горан Пандев од времето на Гранде Интер во 2010 кога под водство на Жозе Мурињо, Пандев и Киву, заедно со останатите играчи му донесоа на Интер “триплета“.

ФОТО: ФЦ Интер/ФБ

ПретходноОмерагиќ до репрезентативците: „Знам дека играте од срце а не за премии, но ќе бидете наградени, тоа ви го ветувам“!(ВИДЕО)
СледноДурент откри каде ќе игра следната сезона!