Капитенот на Е. Пелистер, Филип Кузмановски, во неколку реченици ја прокоментира големата победа на „зелено-белите“ во Скопје и одбраната на шампионскиот пехар.
„Верував во екипата. Од почеток до крај бевме тим и заедно успеавме да се радуваме. За мене лично ова е мојата најдрага титула, за мене, за навивачите, за мојот драг клуб. Поминавме многу заедно и навистина сум горд на момците. Македонија денеска е зелено-бела, три дена ќе славиме титула“, порача популарниот Фитиљ.