Убедлив пораз на маката одбојкарска репрезентација на Македонија на стартот на новото издание на Европската Златна Лига. Избраниците на селекторот Јошко Миленковски едноставно немаа ниту игра, ниту шанси против силниот ривал, против кого со години не успеваме да оствариме позитивен резултат.
МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА 0:3 (20-25, 15-25, 19-25)
Финците денеска на турнирот во Братислава не победија со максимални 3:0, во меч во кој нашата селекција одигра само еден половично добар сет. Тоа беше оној последниот во кој и имавме некакви надежи дека може да ја продолжиме неизвесноста на мечот, додека првите два ги загубивме прилично рутински.
Финска уште еднаш покажа дека има одлична генерација одбојкари кои и оваа сезона ќе бидат конкуренти за највисок пласман. Ние полека треба да го креваме темпото и нивото на игра за да се обидеме на преостанатите дуели да извлечеме по некој добар резултат, но што е многу поважно, да се подготвиме за најдобра форма во август кога не чекаат одлучувачките мечеви за пласман на уште едно Европско првенство.
На денешниот меч Никола Ѓорѓиев заврши со 12 поени, еден помалку имаше Љафтов, додека Савовски нанижа 7. Кај Финска, Савонсалми реализираше 13 поени.
Утре во 15 часот во Братислава не очекува и вториот меч на овој прв турнир од Златната лига, овој пат против домаќинот, Словачка.