Медиумите “удрија“ по Гарсија и играчите: Мора да признаеме дека Белгија се “извлече“ во Скопје!

1575

И тоа како одекнаа тие 1:1 во Европа меѓу Македонија и Белгија. Сите очекуваа сигурна победа на четата на Руди Гарсија, ама нашите момци одиграа одличен меч и дојдоа до тие 1:1.Со малку повеќе среќа Македонија можеше и да победи.

Медиумите во Белгија и тоа како „удрија“ по селекторот Руди Гарсија и неговите избраници.

Аналитичарите, инаку поранешни репрезентативци на Белгија, Филип Албер и Марк Дегрис и тоа како беа критични во своите изјави.

Еве што кажа Албер:

Катастрофално! Не можам да се воздржам.Нема многу позитивно да се каже, ако воопшто има, за ова патување во Македонија. Мора да признаеме дека Белгија дури и се извлече со овој бод. Ако одиме на Светското првенство вака, подобро е да останеме дома! Една година сме пред крајниот рок, речиси до тој ден, а најдобрите играчи во земјата играат на нивото што го видовме вечерва?“

По него со критики се надоврза и Дегрис:

По Украина, очекувањата беа големи, а атмосферата  беше  добра. Потоа ова не е доволно. Дури и се извлековме, бидејќи околностите беа во наша корист. Белгија навистина не беше на ниво.

ПретходноРК Вардар со информации за фановите во пресрет на мега – дербито! (ФОТО)
СледноФФМ со големо БЛАГОДАРАМ до фановите! (ФОТО)