Омерагиќ до репрезентативците: „Знам дека играте од срце а не за премии, но ќе бидете наградени, тоа ви го ветувам“!(ВИДЕО)

1387

Македонија вчера против Белгија, пред 30.000 фанови на Арената “Тодор Проески“ во Скопје оствари фантастичен резултат од 1:1. Со малку повеќе среќа можевме и да победиме, но тие момци кои вчера просто изгинаа на теренот со дресот на Македонија на себе, се нашите херои.

По завршување на средбата, како што и личи, во соблекувалната дојде и првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ кој лично им честиташе на стрелецот Џани Алиоски и сите наши фудбалери за одличниот настап и притоа кажа:

 „Знам дека играте од срце а не за премии, но ќе бидете наградени, тоа ви го ветувам“

Се виде дека и Омерагиќ и тоа како беше среќен по ваквиот настап на Македонија. Со него беа и Горан Пандев, Агим Ибраими.

Убава глетка…

Претходно“Рисовите“ летнаа за Казахстан по три бода! (ФОТО)
СледноИнтер се пофали со Луис Енрике!