Парите не му се најважни: Ханси Флик уште еднаш покажа каков господин е!

599
Фото: Барселона/Твитер

Освен што е одличен фудбалски експерт, Ханси Флик е еден од оние тренери кои имаат одличен карактер, а сега тоа повторно го покажа на дело.

Флик имаше феноменална дебитантска сезона на клупата на каталонскиот клуб. Барселона го освои Суперкупот на Шпанија, Купот на Кралот и конечно „шлагот на тортата“ – шпанското првенство под водство на германскиот стручњак.

Со своите тактички идеи и резултати, Флик ги освои срцата на огромното мнозинство навивачи на Барселона.

Сепак, и покрај работите на зелениот терен – Германецот ги заработи симпатиите на фудбалската јавност со своето однесување надвор од теренот. Тој е секогаш искрен и директен на прес-конференциите, а секогаш има големо почитување кон своите противници.

Со освојувањето на Ла Лига, германскиот стручњак го заработи правото на паричен бонус за тој успех, а она што го направи уште еднаш покажува каков џентлмен е.

Иако според договорот, целиот бонус му припаѓаше нему, тој одлучи да го подели подеднакво со својот тренерски штаб.

Секој соработник на Ханси Флик доби приближно 10.000 евра и на овој начин Германецот им се заблагодари на „своите“ луѓе со кои работи секој ден.

Овој гест на Флик беше многу пофален од фудбалската јавност и многу зборува за тоа колку е несебичен.

ПретходноЃоковиќ по елиминацијата: Ова можеби е мојот последен натпревар на Ролан Гарос!
СледноПелистер покрај Вардар собира сили за пресметката со Вардар 1961 (ФОТО)