Полувреме: Вардар 1961 води со два гола против Пелистер

208

Пред полни трибини се игра дербито за титула меѓу Вардар 1961 и Пелистер, тука се „Комитите“ и околу 100-на „Чкембари“. Како и што се очекуваше, навстина е жешко, имаме вистинско дерби за титула. После првото полувреме резултатот е 17-15.

За постетување Вардар 1961 и со реми ќе ја врати титулата, Пелистер мора да победи.

Мечот почна со одбрана на Митревски и гол на Тајник за 0-1. Веднаш следеше израмнување на другата страна, Георгевски и Јагуринвски реализираа за 2-1. Борзаш во осмата минута го врати минималното водство на својот тим 3-4. Нешто подоцна Вардар 1961 со два гола во низа успеа да дојде на плус еден 7-6.

Следеше нов бран на Вардар, овој пат за нешто посериозно. Со нова серија, од 5-0, реализација на Борозан, Лазаревски, Срдановиќ, Петриќ и Николиќ, „црвено-црните“ поведоа со плус пет 15-10 во 23-та минута. Алонсо во меѓувреме повика тајм-аут, но истиот не вроди плод. Распложен беше и Еспиња, на другата страна Митревски почна влезе Брестовац, па пак се врати Митревски.

После пауза од нешто повеќе од пет минути, Пелистер тргна преку Пешевски, се надоврзаа Радивојевиќ и Кузмановски за 15-13 во 27. минута. Ова беше разликата со која и двата тима заминаа на одмор 17-15.

ПретходноКејн донесе победа за Англија од гостувањето кај Андора
СледноПеп за Јамал: Жалам, ама никој не е како Меси! (ФОТО)