Во меч со многу емоции и инциденти, неколку прекини на мечот поради тоа што албанските навивачи ги гаѓаа фудбалерите на србија со предмети, мечот во Тирана меѓу Албанија и Србија заврши без голови (0:0). Србија ја имаше иницијативата, беше подобар противник, создаде две солидни шанси, но на крајот не успеа да слави.
Албанија имаше шанса на крајот од првото полувреме од пенал, кој не успеа да го реализира.
Фудбалерите од Австрија и Холандија триумфално го започнаа својот марш кон Светското првенство следната година.
Бодовите беа особено важни за Австријците, кои вечерва ја пречекаа романската репрезентација на „Ернест Хапел“ во првиот натпревар откако загубија од Србија во Белград во плеј-офот за А Лигата на нации и победија со резултат од 2:1.
Екипата на Рафаел Рангник поведе на крајот од првото полувреме кога Михаел Грегорич постигна гол, а Марсел Сабицер го потврди триумфот во 60-тата минута. Романците успеаја да постигнат гол во судиското продолжение.
Холандската репрезентација славеше со 2:0 во Финска, а полуфиналистите на минатогодишното Европско првенство остварија триумф со головите на Мемфис Депај и Дензел Дамфрис.