Раководството на кратовскиот прволигаш денеска потврди дека е продолжен договорот со еден од своите најдобри фудбалери. Имено Ангелче Тимовски, десниот офанзивен бек најмалку уште една сезона ќе го носи дресот на Силекс.
Досега Тимовски за клубот од Кратово има одиграно 215 натпревари, тој е дете на Силекс, цели 13 сезони го носеше дресот на својот омилен клуб, а со оглед на тоа дека летово Силекс го чека настап во Европа, јасно е дека и тој и кратовскиот клуб ја продолжија соработката.
Силекс со сите потези кои ги направи во последните неколку дена, јасно става до знаење дека има намера и следната сезона да игра важна улога во мак – фудбалот.
ФОТО: ФК Силекс/ФБ