Така е тоа. Македонија вчера одигра одличен меч против Белгија, на крајот беше 1:1, иако бевме блиску до победа. Сега веќе и дефинитивно е јасно дека со ова раководство на Фудбалската федерација на Македонија, на чело со Масар Омерагиќ, некои работи се поинакви.
Убаво беше вчера да си на Арената, заедно со околу 30.000 гледачи кои им ја дадоа сета можна поддршка на Барди, Џани, Столе, Елмас, Миовски и останатите кои со својата борбеност и квалитет ги воодушевија сите на Арената.
Токму затоа денеска ФФМ искочи со големо БЛАГОДАРАМ…
Така тоа се прави.