Ѓоковиќ по елиминацијата: Ова можеби е мојот последен натпревар на Ролан Гарос!

254
Фото: Roland-Garros @rolandgarros

Јаник Синер се пласираше во финалето на Ролан Гарос. Светскиот рекет број еден го победи Новак Ѓоковиќ во три сета во полуфиналето. Резултатот беше 6:4, 7:5, 7:6(3) за три часа и 17 минути. Во финалето, Синер ќе игра против Карлос Алкараз, кој претходно го елиминираше Лоренцо Мусети. Ѓоковиќ се расплака по натпреварот и одржа емотивна прес-конференција.

„Ова може да биде последниот натпревар што го играв тука. Затоа бев малку емотивен, бидејќи она што го добив од публиката беше навистина одлично. Не знам што носи утрешниот ден, особено сега во оваа фаза од мојата кариера. Ќе продолжам понатаму, Вимблдон е следен, ќе дадам сè за да се подготвам за него. Можеби таму имам најголема шанса да освојам уште еден Гренд Слем, ако не и Австралија…“, рече тој, а потоа додаде:

„Реков дека може да биде мојот последен натпревар, не, не беше. Не знам што ќе се случи за 12 месеци, тоа е далеку. Дали би сакал повторно да играм? Да. Дали би сакал? Не знам. Тоа е она што можам да го кажам.“

ПретходноСтојчевски ќе го памети своето деби: Голем бод за нас! Имавме доста шанси, можевме и да победиме!
СледноПарите не му се најважни: Ханси Флик уште еднаш покажа каков господин е!