Јамал – Мбапе 6:0 и тоа за една година! Па, видете сега зошто „кралот“ е нервозен!

455

И дефинитивно Ламине Јамал е новата супер ѕвезда на фудбалското небо. Со 17 години просто го “покори“ фудбалскиот свет, тој е легитимниот наследник на Лео Меси.

Завчера на мечот Шпанија – Франција 5:4, се виде што значи “малиот“ на Барса. Сите ние останувавме без здив кога тој ја имаше топката.Онака, со онаа младешка насмевка просто те разоружува, а зад таа насмевка се крие “ѕвер“, оној фудбалски, кој нема милост кон никого. Па ни кон Килијн Мбапе.

Интересно, за само една година Јамал и Мбапе во шест наврати ги одмериле силите, поточно нивните екипи или нивните репрезентации.

И знаете ли каков е резултатот?

Па, 6:0 за Ламине. Ете, зошто Килијан е нервозен.

Добро тој знае дека покрај Јамал тој нема никаква шанса да дојде до “Златната топка“, а нервозен е и поради тоа што сега никој не споменува за таа престижна награда.

Јамал, Рафиња, Дембеле се најголемите кандидати.

Мбапе ќе почека, ама и ќе се изначека.

ПретходноМакедонија точно две години без домашен пораз, а игравме со Италија, Англија, Велс, Белгија…
СледноПријател на Шумахер: “Ми кажаа дека ништо веќе нема да слушнеме од Михаел!“