По вчерашното одлично издание и втора победа во Сребрената лига на ЦЕВ, нашата женска одбојкарска репрезентација денеска го претрпе вториот пораз. Во четвртиот меч во натпреварувањето, избраничките на селекторот Пауновиќ беа убедливо поразени од еден од фаворитите за медалите, селекцијата на Австрија.
АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25-12, 25-12, 25-20)
Судејќи според текот на мечот, Македонија немаше премногу шанси за успех. Австрија доминираше во сите три сета и не остави без надежи за подобар настап. Ние како да ги повторивме грешките од оној дуел со Швајцарија и не успеавме да им дадеме посилен отпор на Австријките.
Терзиевска со 7 и Стојанова со 5 поени беа најефикасни во нашата репрезентација денеска.
Експедицијата се враќа во Македонија и ќе го чека последниот турнир идниот викенд во Струмица каде најпрво ќе се сретнеме со Израел, а потоа и со Грузија.