Ливерпул ја зголеми својата понуда за Флоријан Вирц на речиси 135 милиони евра, а Баер Леверкузен почнува да попушта под притисокот, за да во текот на денешниот ден, како што велат “инсајдерите“ и ја прифати. Офанзивниот играч од средниот ред, кој веќе се договори со англиските шампиони до 2030 година и годишна плата од 10 милиони евра, се очекува да помине медицински прегледи на почетокот на следната недела.
Неколку извори во Германија и Англија го потврдија очекуваниот договор меѓу Ливерпул и Леверкузен за преселба на Вирц на Енфилд. Дури и „Билд“ денес објави дека Баер не го вклучил 22-годишниот германски репрезентативец на нивната летна турнеја низ Јужна Америка, закажана за 14-24 јули, што е знак дека играчот од средниот ред повеќе не е дел од нивните планови за сезоната 2025-26. Германскиот таблоид, исто така, објавува дека самиот играч се договорил со англискиот шампион за должината на договорот и платата што ќе ја добива во тимот предводен од Арне Слот: 10 милиони евра годишно до 2030 година.
Трансферот на Вирц се израмнува со најскапиот договор во историјата на Премиер лигата: Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона во јануари 2018 година, кога Бразилецот чинеше 135 милиони евра.
Понудата на Ливерпул за Вирц има база од 100 милиони фунти и бонуси (доста лесно остварливи) од 13 милиони, што е еквивалентно на 134-135 милиони евра. 10% помалку од првичните барања на Баер. Првата понуда од 125 милиони евра беше одбиена од Леверкузен, кој се пазареше напорно, иако Вирц изрази желба да игра за Ливерпул, без да разгледа други опции како што се Баерн Минхен, Манчестер Сити или Реал Мадрид, кои исто така се обидуваа да дојдат до неговите услуги.