Македонија точно две години без домашен пораз, а игравме со Италија, Англија, Велс, Белгија…

974

Македонија е во серија без пораз која трае ли трае. Вечерва Македонија и тоа против Белгија го одигра својот десетти меч, тука не ги сметаме пријателските, и остана непоразена.

Оваа серија трае од мечот со Англија кога беше 1:1 на 20.11.2023. Последен пат сме загубиле од Италија во Рим на 17.11.2023 година.

Македонија точно две години дома не е поразена. Последен пат некој се радувал на Арената во јуни 2023 година и тоа беше Украина, кога победи со 2:3. Од тогаш па наваму Македонија, покрај другите, уште еднаш да кажеме дека ги сметаме само официјалните мечеви не и пријателските, играла со Италија, Англија, Велс, Белгија и никој не успеал не само да ја надигра туку и да ја победи.

Напротив, Македонија беше поблиску до победата и со Велс и со Белгија, да биде реални.

Оваа Македонија и дефинитивно покажува дека знае и тоа како со големите репрезентации. Покажува храброст, одважност и секако квалитет. Не е среќа на толку мечеви да одиграш барем егал со така силни селекции.

До квалитетот ќе да е, оној на Македонија.

ПретходноБез Алими и Димоски, и Милевски на клупата против Казахстан!
СледноЈамал – Мбапе 6:0 и тоа за една година! Па, видете сега зошто „кралот“ е нервозен!