И тоа како одекнаа тие 1:1 во Европа меѓу Македонија и Белгија. Сите очекуваа сигурна победа на четата на Руди Гарсија, ама нашите момци одиграа одличен меч и дојдоа до тие 1:1.Со малку повеќе среќа Македонија можеше и да победи.
Медиумите во Белгија и тоа како „удрија“ по селекторот Руди Гарсија и неговите избраници.
Аналитичарите, инаку поранешни репрезентативци на Белгија, Филип Албер и Марк Дегрис и тоа како беа критични во своите изјави.
Еве што кажа Албер:
“„Катастрофално! Не можам да се воздржам.Нема многу позитивно да се каже, ако воопшто има, за ова патување во Македонија. Мора да признаеме дека Белгија дури и се извлече со овој бод. Ако одиме на Светското првенство вака, подобро е да останеме дома! Една година сме пред крајниот рок, речиси до тој ден, а најдобрите играчи во земјата играат на нивото што го видовме вечерва?“
По него со критики се надоврза и Дегрис:
“По Украина, очекувањата беа големи, а атмосферата беше добра. Потоа ова не е доволно. Дури и се извлековме, бидејќи околностите беа во наша корист. Белгија навистина не беше на ниво.“