Повеќе од една деценија трае агонијата на Михаел Шумахер, според многуми најдобриот возач во Формула 1 на сите времиња. По тешката повреда пред 12 години, за неговата состојба знаат само неговите најблиски.
Има многу шпекулации, а најновата ја кажува Крејг Скарборо, позната „фаца“ во мотоспортот кој самиот вели дека му е пријател на Шумахер:
“Имав можност да разговарам со лице кое е многу, многу блиску до Михаел. Тој ми кажа, односно ми објасни дека ништо веќе нема да слушнеме од Михаел“ истакна Скарборо.