Словакот кој ни судеше со Англија во Скопје, ќе биде “главен“ и во Астана!

326

По она вчерашно реми во Скопје против Белгија, нашата најдобра фудбалска селекција веќе во понеделник (09.06.2025) во Астана, во меч од 4.коло во групата Ј гостува кај Казахстан.

Секако дека од нашите фудбалери се очекува уште една добра партија и секако со три бода да се вратат од Астана.

Инаку познато е кој ќе ја дели правдата на оваа средба која започнува во 16 часот по македонско време.

Тоа е Филип Глова од Словачка. Важи за еден од најдобрите судии во својата земја иако има само 37 години.

Интересно, тој ни судеше со Англија во Скопје во ноември 2023 година кога беше 1:1. Да се надеваме дека ќе ни донесе среќа и во Астана.
Негови помошнци ќе бидт Даниел Полачек и Петер Беднар, додека четврти ќе биде Петер Кралович, сите од Словачка.

И во ВАР собата ќе бидат Словаците Мартин Дохал и Борис Мархефка.

ФОТО: Филип Глова/Х

ПретходноИталијанците во шок: Спалети пред заминување, веќе познати се неговите наследници?
СледноДенот „Д“: Вардар 1961 има полесен пат до титулата, на Пелистер му одговара само победа!