Колку е убаво, како прво да се има ваква Арена, потоа истата да биде речиси полна, ти доаѓа една Белгијна на гости, а ти не само што не си поразен туку играш фантастично и си имал шанси и за победа.
Ова фото е за уживање, фото кое покажува како синоќа Арената во Скопје во сиот свој сјај.
Секако дека за ова е заслужна и Фудбалската федерација на Македонија, која со свои средства го “среди“ нашиот најголем стадион да изгледа вака, да изгледа пицикато.
И кога од 30.000 грла ќе грмне – Македонија, Македонија….тогаш се е можно.