Астана Арена утре ќе биде полна за дуелот со Македонија

640

СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски

Македонската репрезентација утре со почеток од 16:00 часот по наше време, го игра дуелот против Казахстан на гостински терен во Астана, во рамките од Мундијалските квалификации.

Ние сме фаворити на хартија во овој двомеч, од секој аспект. И според квалитетот, и според моменталната форма, односно резултати, а и според позицијата на табелата односно бодовите кои што во моментов ги има Македонија.

Па така, домаќинот е мотивиран да одигра на највисоко можно ниво, а поддршка за тоа ќе има и од според последните информации полната Астана Арена.

Капацитетот на овој грандиозен објект кој има вештачка трева, но и покрив кој што се затвара, е 30.244 гледачи, а до сега се продадени 90% од билетите за утрешниот меч.

 

ПретходноМарк Маркес со победа на трката за ГН на Арагон!
СледноГотово е: Спалети доби отказ!