Без Бојан Илиевски со Казахстан! (ФОТО)

1150

Утре нашата најдобра фудбалска репрезентација во меч од 4.коло од квалфикациите за СП 2026, ќе игра со Казахстан во Астана. На овој меч селекторот Благоја Милевски покрај Исник Алими и Бојан Димоски, нема да може да смета и на дефанзивецот на Струга ТЛ, Бојан Илиевски.No description available.

Имено синоќа во неговата родна Битола, репрезентативецот правеше свадбена веселба, стапи во брак со својата долгогодишна придружничка Јана, па така тој е ослободен од обврските кон репрезентацијата за ова гостување во Казахстан.

Секако дека СпортСпорт им честита на Бојан и Јана.

Како што велат дел од присутните на свадбата, од кои голем дел беа негови пријатели и секако фудбалери, свадбата била ептен весела.

Така и треба.

ПретходноСледната сезона директно испаѓаат три екипи од ПМФЛ, две ќе играат бараж, од ВМФЛ директно ќе испаднат пет клубови!
СледноВардар „згасна“ една традиција: Пред полна сала заборави да им се заблагодари на Томи, Петриќ, Аларов…