Лига Нации – финале: Роналдо VS Јамал! Кој ќе биде КРАЛ на Пиринеите, КРАЛ на Европа?

208

Искуството, минатото или младоста, иднината, што ќе пресуди вечерва во финалето во Лигата на Нации? Кој ќе биде кралот на Пиринеите и Европа, Кристијано Роналдо или Ламине Јамал?

Вечерва од 21 часот на “Алијанц Арената“ во Минхен се игра финалето во Лигата на Нации, а се среќаваат Португалиј на Роналдо и Шпанија на Јамал.

Кој ќе дојде до својот втор трофеј во ова натпреварување?

Двете соседни пиринејски држави, гиганти во европскиот и светскиот фудбал несомнено дека ќе приредат нов спектакл. Тука нема дилеми. И во двете селекции има премногу мега – играчи за да биде поинаку.

Португалија во полуфиналето беше подобра од домашната селекција на оваа завршница, Германија, додека Шпанија ја доби Франција со 5:4, иако водеше со 5:1 во епски меч.

Ова ќе биде меч и за своевиден престиж, меч кој ќе го даде одговорорт кој е нај, нај во Европа во овој момент.

Ова исто така е меч кој долго се очекува. Португалија покрај Роналдо има и такви ѕвезди, што го прави овој состав веројатно, според имиња, најсилен во Европа па и светот, додека Шпанија има игра, селекторот Луис де ла Фунте создаде тим кој може секого да победи, да понижи, впрочем “Фуријата“ е актуелен европски првак од последното ЕВРО.

Претходно, од 15 часот во Штутгарт, во битка за 3.место се среќаваат Германија и Франција.

Тоа ќе биде чиста европска класика.

ФОТО: УЕФА/Х

ПретходноПриведени битолчани со пиротехника на натпреварот Вардар – Пелистер!
СледноМакедонија У17 ремизираше со Босна