Пораз и од Словачка: Одбојкарите се враќаат од Братислава без освоен сет

132
фото: CEV.eu

Македонската машка одбојкарска репрезентација претрпе и втор пораз на првиот турнир во Братислава од новото издание на Европската Златна лига. Попладнево избраниците на селекторот Миленковски загубија со 3:0 од домаќинот на турнирот, Словачка, прикажувајќи за нијанса подобра игра од вчерашната средба со Финска.

СЛОВАЧКА – МАКЕДОНИЈА   3:0 (25-21, 25-22, 25-23)

Во сите три сета успевавме да одржиме некаква резултатска рамнотежа до третата половина на сетовите, но во финишот Словаците успеваа да направат разлика која на крајот им донесе освојување на истите и победа. Миленкоски ќе има уште многу работа за да ја крене формата на потребното ниво, а ќе мора да се поработи и на некои од елементите на играта, пред се приемот и блокот, кои и на двата меча не беа на потребното ниво.

На денешниот дуел во нашата селекција најдобар реализатор беше Никола Ѓорѓиев со 17 поени, додека Љафтов реализираше 10. Кај Словаците Јакуб Инат мечот го заврши со 22 поени.

Следната недела нашите одбојкари заминуваат за Летонија, каде во Рига ќе имаме пресметки со домаќинот и селекцијата на Грција.

ПретходноРК Вардар: Честитки до Пелистер! Наклон за навивачите, заедно ќе го вратиме тимот – на врвот! (ФОТО)
СледноФранција е трета во ЛН: Мбапе со гол и асистенција ја “скрши“ Германија!