Приведени битолчани со пиротехника на натпреварот Вардар – Пелистер!

542

Како што потврдуваат од МВР, приведени биле двајца битолчани кои имале пиротехника со себе на вчерашниот натпревар Вардар – Пелистер во Скопје.

Приведени се лицата П.Д (26), Д.А (23), на кои им биле одземени пиротехничките средства, за да потоа биле поднесени поднесоци по Законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортски настани.

Инаку како што е познато, ова беше меч на кој се решаваше за титулата во нашата ракометна Суперлига.Подобри беа битолчани, кои славеа во “Јане Сандански“ и го одбранија тронот во ракометна Македонија.

ПретходноАли Алијев: Македонија покажа карактер против Велс и Белгија
СледноЛига Нации – финале: Роналдо VS Јамал! Кој ќе биде КРАЛ на Пиринеите, КРАЛ на Европа?