СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски
Македонската фудбалска репрезентација веќе е во Астана, Казахстан, каде што утре со почеток од 16:00 часот го игра четвртиот меч од тековните Мундијалски квалификации против домашната селекција.
Нашиот тим доаѓа тука со три мечеви без пораз, во кој имаме победа над Лихтенштајн, и реми мечеви пртив Велс односно Белгија. Овие супер резултати ни даваат за право да се надеваме на уште еден успех утре по можност да биде победнички.
За тоа, дека сме тука дојдени по победа, свесен е и селекторот на Казахстан, Али Ајилев, кој што на официјалната прес конференција пред утрешниот меч рече дека Македонија не случајно се наоѓа во ваква ситуација, и дека има екстра квалитетни поединци.
„Македонија има добар тим, со квалитетни поединци како што се Елиф Елмас, Енис Барди и други. Пред три дена играа против Белгија и покажаа карактер. Губеа, но не се откажаа и на крајот постигнаа гол за нерешено. Покажаа дека имаат силен тим, со квалитетни играчи, но секако и ние имаме свои адути. Верувам дека можеме да направиме добар резултат“ – изјави Алијев.
Шамородов: Нема негативна атмосфера
Казахстанската јавност бара објаснување за поразот на Казахстан на пријателскиот меч против Белорусија, но најдобриот играч на нашиот противник утре, Максим Шамородов ја „смирува топката“ што се вели.
„И покрај поразот од Белорусија, во репрезентацијата владее позитивна атмосфера. Ние ќе дадеме се од себе да направиме добар резултат против Македонија“ – рече Шамородов.