Барнли се пофали со асистенцијата на Чурлинов против Белгија! (ВИДЕО)

438

Откако заврши со позајмицата во Јагелонија, Дарко Чурлинов повторно е играч на Барнли со кого има перманентен договор. Дека најверојатно одново ќе го носи дресот на повратникот во Премиерлигата, доказ е тоа дека на своите социјални мрежи, Барнли се пофали со асистенцијата на својот фудбалер на мечот со Белгија, која Џани Алиоски на перфектен начин ја претвори во гол за 1:1.

Во објавата стои дека Чурлинов имал многу важна асистенција во финишот на средбата кога Македонија израмни на 1:1 со Белгија.

ФОТО: ФЦ Барнли/Х

ПретходноМакедонија У17 ремизираше со Босна
СледноСтојановски: Не е важно дали е вештачка или природна трева, Македонија ќе биде на потребното ниво