Утре нашата најдобра фудбалска репрезентација во меч од 4.коло од квалфикациите за СП 2026, ќе игра со Казахстан во Астана. На овој меч селекторот Благоја Милевски покрај Исник Алими и Бојан Димоски, нема да може да смета и на дефанзивецот на Струга ТЛ, Бојан Илиевски.
Имено синоќа во неговата родна Битола, репрезентативецот правеше свадбена веселба, стапи во брак со својата долгогодишна придружничка Јана, па така тој е ослободен од обврските кон репрезентацијата за ова гостување во Казахстан.
Секако дека СпортСпорт им честита на Бојан и Јана.
Како што велат дел од присутните на свадбата, од кои голем дел беа негови пријатели и секако фудбалери, свадбата била ептен весела.
Така и треба.