Кошаркарите на Вардар се нови државни шампиони на Македонија во категоријата М18 во машка конкуренција. Во големото финале од завршницата на јуниорскиот шампионат, по голема борба, до последните секунди излегоа вардар беше подобар од екипата на Водно Санс со 98:91.
Кошаркарот на Вардар, новиот јуниорски шампион на Македонија, Дамјан Данев ја доби највисоката индивидуална награда на завршниот турнир од М18 лигата во машка конкуренција. Високото крило на „црвено-црните“ имаше два одлични настапи на „фајнал-форот“ кој заврши со победа на неговата екипа.
Неговото ол-раунд издание беше заокружено со со дабл-дабл ефект од 11 поени и 15 скока, плус и пет успешни додавања.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар – Работнички 2018 109:74
Водно Санс – Феникс 2010 116:78
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Работнички 2018 – Феникс 2010 95:88
ФИНАЛЕ
Вардар – Водно Санс 98:91