Кузмановски се извини: Несвесен за зборовите, направив грешка, која не е намерна ниту потценувачка

1746

Капитенот на Е. Пелистер, Филип Кузмановски, кој воедно е и капитенот на македонската ракометна репрезентација, попладнево се огласи на социјалните мрежи, по реакциите на јавмоста поради неговите зборови искажани по вчерашната победа над Вардар и освоената шампионска титула.

„По денешните реакции во јавноста, би сакал да кажам неколку зборови. Во моменти на радост, емоции, еуфорија, прославувајќи заедно со нашите навивачи и пеејќи ги песните, несвесен за зборовите, направив грешка. Грешка која не сакам да се сфати како намерна ниту потценувачка кон некого. Свесен сум за мојата одговорност како капитен на македонската репрезентација на и надвор од теренот. Би сакал да се извинам на целата македонска јавност доколку сум бил погрешно сфатен. Ве молам сфатете дека прослава на титула на теренот на најголемиот ривал е огромна работа и не сакам оваа моја мала невнимателност да донесе негативен контекст на целото славје. Да живее Битола, да живее Македонија“, напиша Кузмановски на Инстаграм.

ПретходноАлкараз го одбрани Ролан Гарос во најдолгото финале на турнирот во историјата!
СледноОсимен одби плата од 40 милиони евра, сака да остане во Европа