Роберт Левандовски нема да игра за репрезентацијата на Полска додека селектор на истата е Михал Пробиеж.
Напаѓачот на Барселона одлуката ја објави на социјалните мрежи.
„Со оглед на околностите и губењето на довербата во главниот тренер на полската репрезентација, решив да се повлечам од играње за репрезентацијата сè додека тој е на оваа позиција. Се надевам дека во иднина ќе можам да играм за најдобрите навивачи во светот“, напиша Левандовски.
Михал Пробиеж ја презеде функцијата селектор на полската репрезентација во септември 2023 година.