Македонија У17 ремизираше со Босна

170

Македонската репрезентација до 17. години на чело со селекторот Драган Начевски одигра 2:2 на пријателскиот меч против Босна одигран на гостински терен.

Стрелци за нашиот национален тим беа Марко Иванов и Васко Папалиски, а реално имавме сериозни шанси да го добиеме овој меч. Водевме со 1:2, а потоа Ракипи, Полимац и Стојкоски имаа шанси и за 1:3. Истите не ги искористивме, а потоа примивме гол во последните секунди од мечот.

На првиот дуел загубивме со минимални 1:0.

 

ПретходноЛига Нации – финале: Роналдо VS Јамал! Кој ќе биде КРАЛ на Пиринеите, КРАЛ на Европа?
СледноБарнли се пофали со асистенцијата на Чурлинов против Белгија! (ВИДЕО)