Марк Маркес со победа на трката за ГН на Арагон!

65

Возачот на Дукати, Марк Маркес е победник на трката за ГН на Арагон, осма во оваа сезона во Мото ГП. Ова за него беше четврта победа сезонава, и го повтори истото од пред 10 години кога беше прв на сите тренинзи, квалификации и самата трка.

Едноставно Шпанецот доминираше денеска, како и во текот на овој викенд.

На второто место се најде, неговиот брат Алекс Маркес, кој имаше две секунди заостанување, додека на третото место заврши Италијанецот Франческо Бањаја.

До осмиот круг помалиот Маркес, Алекс и тоа како се закануваше, но потоа трката за првото место се сведе само на Марк и со тоа ја потврди својата класа и доминација.

ФОТО: Мото ГП/Х

ПретходноДимитриевски: Ова е сосема нов меч од оној со Белгија
СледноАстана Арена утре ќе биде полна за дуелот со Македонија