Фантастична трка, победа и нов национален рекорд на Миљана Ристиќ Стојчевска од АК Делта вчера на Државното поединечно првенство во атлетика во Скопје на трката на 3000 м стиплчез.
На Арената во Скопје, вчера се одржа Државното поединечно првенство во атлетика, на кое Миљана Ристиќ Стојчевска имаше фантастична трка и постави нов македонски рекорд во оваа дисциплина со време 11:49, 90.
Со овој сензационален резултат таа го собори претходниот државен рекорд. Овој реултат и овој рекорд, секако и оваа победа е вистинска потврда за нејзината истрајност, тренинзи и сите напори кои ги вложува да дојде до вакви успеси.
Покрај титулата на ова првенство, вчерашната победа имаше и дополнително значење – изборен настап на Европското првенство во 3 лига.
Со постигнатото време, таа обезбеди учество на Европското првенство кое ќе се одржи на 24-25 мај во Марибор (Словенија), каде што ќе се натпреварува на 3000 м стиплчез.