Неверојатниот Ти Џеј Шортс го однесе Париз во големото финале на кошаркарското првенство на Франција. Во полуфиналето на плеј-офот, Париз славеше и во третиот меч против Бурже, овој пат на гости со 93-103 и обезбеди пласман во финалето.
Нашиот репрезентативец мечот го затвори со 27 поени како најдобар поентер на средбата. притоа реализираше и 14 асистенции за „дабл-дабл“ учинок.
Париз во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Монако и Асвел, каде тимот од кбежевството има преденост од 2:1.