Нашиот најдобар кајакар, Ане Петрушевски победи на Европскиот куп во Словенија кој се одржа во местото Солкан. Вчера се одржа првото коло од Европскиот куп каде во финалето Петрушевски заврши на одличното 5-то место, додека денеска во второто коло покажа одлични перфоманси и беше најбрз со време 78.38 секунди, зад себе оставајќи ги најдобрите кајакари од Европа од 21 земја.
Оваа трка беше подготвителна за Европското првенство кое ке се одржи на оваа иста патека во период од 28 јули до 3 август, а каде што ќе настапи и нашиот најдобар кајакар во моментов.
Тој подготовките ги продолжува во Италија, каде наредниот викенд ќе настапи на Европскиот куп во Валстања во 3. и 4. коло.