Шампионот со завршна прослава, им се заблагодари на пет ракометари (ФОТО)

388
фото: RK Eurofarm Pelister (Facebook)

Со завршна церемонија за акционерите и спонзорите на клубот, шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната 2024/25. Во пријатен амбиент и пред трофеите освоени оваа сезона, на присутните им се обрати претседателот Зоран Стерјев и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Потоа тренерот Раул Алонсо и капитенот Филип Кузмановски ги сумираа резултатите.

На истекот на договорите битолските „зелено-бели“ ги напуштаат: Урош Борзаш, Емилијан Ѓорговски, Ненад Костески, Мохамед Шабиб Мамдух и Павле Петровиќ. Клубот им се заблагодари и им посакува успех во следните предизвици.

ПретходноОмерагиќ со Пандев, Најдоски и Ибраими на тренингот во Астана (ФОТО)
СледноЛевандовски нема да игра за Полска се додека селектор е Пробиеж