Али Алијев: Македонија покажа карактер против Велс и Белгија

418

СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски

Македонската фудбалска репрезентација веќе е во Астана, Казахстан, каде што утре со почеток од 16:00 часот го игра четвртиот меч од тековните Мундијалски квалификации против домашната селекција.

Нашиот тим доаѓа тука со три мечеви без пораз, во кој имаме победа над Лихтенштајн, и реми мечеви пртив Велс односно Белгија. Овие супер резултати ни даваат за право да се надеваме на уште еден успех утре по можност да биде победнички.

За тоа, дека сме тука дојдени по победа, свесен е и селекторот на Казахстан, Али Ајилев, кој што на официјалната прес конференција пред утрешниот меч рече дека Македонија не случајно се наоѓа во ваква ситуација, и дека има екстра квалитетни поединци.

Шамородов: Нема негативна атмосфера
Казахстанската јавност бара објаснување за поразот на Казахстан на пријателскиот меч против Белорусија, но најдобриот играч на нашиот противник утре, Максим Шамородов ја „смирува топката“ што се вели.
ПретходноЃоковиќ со порака за мечот во Тирана: Почитта и фер-плејот се секогаш возможни!
СледноПриведени битолчани со пиротехника на натпреварот Вардар – Пелистер!