Вардар „згасна“ една традиција: Пред полна сала заборави да им се заблагодари на Томи, Петриќ, Аларов…

3019

Вардар 1961 синоќа го одигра последниот натпревар оваа сезона. „Црвено-црните“ не ги искористија полните трибини и одличната поддршка од своите фанови во битката против Пелистер за титула.

Секоја сезона овој тим долги години негуваше една долга традиција, пред полни трибини да им се заблагодари на ракометарите кои си заминуваат. Засега е познато дека на списокот кој си одат се: Томи Јагурновски, Михаил Аларов, Стефан Петриќ, Ларс Коиј…

Вчера беше совршен момент пред почетокот на големото дерби тоа да го сторат. Но, се чини дека заборавија да ги испочитуваат сите оние кои во изминатиот период ја оставија последната капка пот за „црвено-црниот“ дрес, дел од нив беа со тимот и кога финансиската состјба не цветаше, но одлучија да останат и во тие моменти.

Еден минус за тимот, кој беше пример за почитување на секој кој го носел вардаровиот дрес.

ПретходноБез Бојан Илиевски со Казахстан! (ФОТО)
СледноИГРАЧ ОД ВЕВЧАНИ ЌЕ ВОЗИ МЕРЦЕДЕС АМГ, ОСВОЕН Е ПРЕМИУМ ЏЕКПОТOT НА ВИДЕОЛОТАРИЈА