Во Битола почна шампионското славје: Пелистер после три години го освои Скопје (ФОТО)

733

Пелистер за првпат во својата историја успеа да освои три титули во низа, откако синоќа во СЦ „Јане Сандански“ го победи Вардар 1961 со 30-32 во драматична завршница.

За битолчани титулата број девет се чини е најслатка. Не само што му се реваншираа на својот најголем кконкурент за поразот во Купот на Македонија, туку тоа го сторија во Скопје, последен пат на теренот на „црвено-црните“ славеле во март 2022 година. Ова е годината кога Вардар 1961 последен пат ја освои титулата.

Во Битола започна славјето. Прво се славеше во Скопје, а потоа ракометарите на старо-новиот првак беа пречекани од своите навивачи.

Пелистер на својата официјална страница сподели и слика направена со вештачка интелегенција, во преден план е Филип Кузмановски, под него се ракометарите на Вардар, а капитенот на Пелистер со пехарот стои пред споменикот на Александар Македонски.

 

ПретходноМакедонија доцна синоќа пристигна во Казахстан… нашиот Мундијалски пат оди преку Астана (ВИДЕО)
СледноРаспределба на местата во Европа: Пелистер сака да игра во ЛШ, Алкалоид може да бира!