СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски
Како ретко кога, нашата фудбалска репрезентација во моментов има шанса да направи нешто големо во едни Мундијалски квалификации. Влегуваме во четвртото коло со пет бода, но два од нив се од дуелите против Велс и Белгија. Оние селекции од кои се што ќе одземеш се смета за голем плус. Од друга страна победата над Лихтенштајн ни дава сигурност на табелата, а утрешниот меч против Казахстан во Астана кој започнува од 16:00 часот ни дава пак шанса да влеземе во сериозна битка за првото место.
Тоа нема да биде ни малку лесно, тоа сите го знаеме, но кога било лесно да се квалификуваш на еден Мундијал? Никогаш… па така и Македонија својот сон за играње на Светско првенство ќе мора да го сонува со месеци и напорно да работи за него. Шансите тоа да се случи рапидно ќе ни се зголемат ако ние утре овде во Астана победиме и отидеме на бодовно салдо „осум“ што во моментов ќе биде екстра.
Спремни сме, долг е патот до тука. Но, имаме позитивна енергија, подготвени сме за добар меч повторно.
За мене секој меч е посебен натпревар. Не можам да кажам дека тука сме дојдени против Казахстан за да идомонираме. Ние во себе знаеме дека ќе биде тешко. Против Белгија мислам дека беше многу тежок меч, во кој моето мислење е дека заслуживме многу повеќе. Не знам колку имаме енергија поради патот, и се што се случуваше. Но, секако дека ќе се обидеме да ја зграпчиме победата. Од направената анализа, гледаме дека сакаат да играат, дека пробуваат да „билдаат“ од последна линија акции, нешто што се практикува во големите екипи. Тука треба да бидеме претпазливи. Сакаат да креираат, сакаат да дојдат до ситуација еден на еден. Секако дека ние ќе сме спремни на тоа, и дека ќе направиме контра игра. Секако дека селектор ќе подготви контра стратегија. – рече нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски па додаде.
„Откако влегов во соблекувалната по мечот со Белгија, од тој момент мислам на овој меч. Белгија е завршена приказна. Не смееме да мислиме на тоа. Ова е нов меч. Глеаме, анализираме, кога треба да се тргне, кога треба да се смири ситуацијата, кога да се тргне во офанзива. Дисциплината во игра е многу важна. Само така ќе одиграме дури и подобар меч од оној со Белгија.
Статистиката е ТОП за мене. За Македонија една година да биде непоразен тим е фантастично. Лично сум фан на статистиката и такво нешто кога е во прашање, една година Македонија да биде непоразена“ – рече Димитриевски.