Искуството, минатото или младоста, иднината, што ќе пресуди вечерва во финалето во Лигата на Нации? Кој ќе биде кралот на Пиринеите и Европа, Кристијано Роналдо или Ламине Јамал?
Вечерва од 21 часот на “Алијанц Арената“ во Минхен се игра финалето во Лигата на Нации, а се среќаваат Португалиј на Роналдо и Шпанија на Јамал.
Кој ќе дојде до својот втор трофеј во ова натпреварување?
Двете соседни пиринејски држави, гиганти во европскиот и светскиот фудбал несомнено дека ќе приредат нов спектакл. Тука нема дилеми. И во двете селекции има премногу мега – играчи за да биде поинаку.
Португалија во полуфиналето беше подобра од домашната селекција на оваа завршница, Германија, додека Шпанија ја доби Франција со 5:4, иако водеше со 5:1 во епски меч.
Ова ќе биде меч и за своевиден престиж, меч кој ќе го даде одговорорт кој е нај, нај во Европа во овој момент.
Ова исто така е меч кој долго се очекува. Португалија покрај Роналдо има и такви ѕвезди, што го прави овој состав веројатно, според имиња, најсилен во Европа па и светот, додека Шпанија има игра, селекторот Луис де ла Фунте создаде тим кој може секого да победи, да понижи, впрочем “Фуријата“ е актуелен европски првак од последното ЕВРО.
Претходно, од 15 часот во Штутгарт, во битка за 3.место се среќаваат Германија и Франција.
Тоа ќе биде чиста европска класика.
ФОТО: УЕФА/Х