Македонија доцна синоќа пристигна во Казахстан… нашиот Мундијалски пат оди преку Астана (ВИДЕО)

675

СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски

Македонската фудбалска експедиција доцна синоќа по локално време пристигна во Астана, главниот град на Казахстан, каде што утре по македонско време во 16:00 часот го игра четвртиот квалификациски дуел од Мундијалската кампања.

Шестчасовниот лет од Скопје до главниот град на оваа држава можеби физички делува исцрпувачки, но нашиот елан ни за промил не стивнува по оние одлични за нас 1:1 во Скопје против Белгија пред два дена. Тука сме дојдени да ја продолжиме низата на мечеви без пораз во оваа кампања, и сериозно да влеземе во трката за историски, мундијалски успех.

Тоа Казахстан може да ни го приушти. Домаќинот не е светска фудбалска велесила за да ние овде не смееме да се надеваме на успех, напротив. Она што домаќинот ни го нуди, а ние мора да го искористиме е ситуација во која што ние би освоиле утре дополнителни три бода, и по пет мечеви да имаме осум бода.


Го чекаа Миовски, побараа дрес од Стојчевски, се сликаа со Анатасов

Дванаесет часот по почноќ беше синоќа тајмингот во кој Македонија пристигна во Астана. Тоа секако не беше пречка неколку фудбалски фанатици да ги пречекаат нашите репрезентативци на аеродромот и да побараат кратка средба, потпис и фотка со нив.

Банер „Миовски“ на излезот од аердромот, дечките во исчекување да излезе нивниот идол. Патем, искористија и напрација фото со Јани Атанасов и Андреј Стојчевски.

 

 

ПретходноПикси до новинарите: Најдете си нов селектор!
СледноВо Битола почна шампионското славје: Пелистер после три години го освои Скопје (ФОТО)