Ова е моментот кога во Барса решија дека Тер Штеген ќе мора да си оди!(ВИДЕО)

884

Марк – Андре Тер Штеген, капитенот на Барселона ќе мора да си оди од каталонската гордост. Иако пред неколку месеци се врати од повредата тој сепак не е во тефтерот на Ханси Флик за следната сезона.

Иако Германецот веќе цела деценија е во Барса, иако и неговиот сонародник, тренерот Флик се обидел да му помогне, сепак голманот во последно време направил неколку потези со кои го разгневиле претседателот на клубот, Хоан Лапорта кој им порачал на сите во Барса дека не сака да го види а камо ли да остане во клубот.

Капак на се било кога на прославата на титулата во Ла Лига, Тер Штеген не сакал да им се обрати на фановите, иако капитен. Во тој момент, како што се гледа од видеото Лапорта му наредил на Флик да се ослободи што побргу.

ПретходноФранција е трета во ЛН: Мбапе со гол и асистенција ја “скрши“ Германија!
СледноБаерн со нова понуда за Рафа Леао: 75 милиони евра и играч, во Милан се премислуваат!