Денешниот тренинг на нашата репрезентација во Астана го следеа и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, директорот на репрезентацијата горан Пандев, но и Агим Ибраими и Илија Најдоски кои се заедно со нашата репрезентација во Казахстан пред утрешниот меч од 4. коло во квалификациите за СП 2026.
Нашата репрезентација вечерва го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар кој стартува во 16 часот по македонско време.